ИЗЛОЖБА НА ЖЕРЕМИ БИШОЛЦ ВО КАВАДАРЦИ
На македонскиот народ најверојатно како и на сите други мали народи во светот секогаш им е многу значајно како не гледаат и доживуваат другите. Денешната изложба на фотографии која беше отворена во Музеј-галеријата во Кавадарци во соработка со Францускиот институт од Скопје го покажува токму тоа. Насловот на изложбата „Скопје низ објективот на францускиот фотограф Жереми Бишолц“ ни ја дава можноста да видиме како еден млад француски фотограф добар познавач на архитектурата ја доживеал македонската метропола за време на неговиот престој и во 2014 година. За успешната соработка со францускиот институт проговори директорот Петре Камчевски додека изложбата ја отвори фотографот од Кавадарци Тони Коцев.