ИЗЛОЖБА НА МЕДИА АРТ КЛУБОТ НЕГОТИНО ВО МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
Младите членови на МЕДИА АРТ клуб МОФ кој е дел од Центар за Регионален Одржлив Развој од Неготино изминатите денови во Музејот на град Неготино организираа изложба насловена „ ИНСТАВОЛ “. Целата изложба беше во инстаграм-стил, со цел да се поврзи во предавањата и презентациите кои членовите ги проследиле низ состаноците во овие месеци како за преработка на фотографии така и за изработка на добри фотографски дела. Преку оваа изложба младите сакаа да го оживеат инстаграм профилот и да го насочат вниманието на реалноста и се она што не опкружува преку записи и фотографии. Сликите претставуваат млади во акција, а нивната цел е да се поттикне свеста за уредување на некои делови во градот кои одамна се запуштени и неискористени, а имаат добар квалитет за организација на различни институции, организации, згради кои би го поддржале образованието на младите. Сликите ќе бидат во инста-рамки (исто така изработени од членовите на состаноците на Медиа АРТ клубот).
" Во Неготино имаме многу запустени места кои можат да бидат искористени за многу корисни работи кои во иднина би им биле од помош на младите и би им помогнале во градење на нивните капацитети.Очекуваме оваа изложба да ја поттикне свеста како кај младите , така и кај постарите генерации за искорустување на овие запустени места во соодветни цели"- истакна координаторката на Медиа АРТ клуб Неготино Емилија Андонова.
Како што можеше да се зебележи уште од името на оваа изложба , таа беше во инстаграм стил . Се со цел да се поврзи истата со предавањата за уредување и едитирање на фотографија кои медиа артовците ги следеле изминативе месеци.Интересен дел од овој настан беа и талентираните членови од Мадиа-Арт клубот кои своите техники за цртање , во текот на изложбата ги преточија на лист хартија – додава Андонова. Членовите на медиа арт клубот истакнуваат голема благодарност за соработката со Директорот на Музеј на град Неготино Ристе Марков и вработените во Музејот за 3 годишната традиција на споделување на изложби на Медиа АРТ членовите во оваа институција.