ИЗЛОЖБА НА ФРАНЦУСКИОТ ФОТОГРАФ ЖЕРЕМИ БИШОЛЦ
Добрата соработка на Музеј галеријата од Кавадарци со Францускиот институт од Скопје продолжува. Досега во изложбените салони на Музејот се реализирани дури десет изложби преку Францускиот институт.
Како плод на соработката ќе биде и утрешната изложба на фотографии под наслов „Скопје низ објективот на францускиот фотограф Жереми Бишолц“ која ќе биде отворена напладне во 12 часот. Имено оваа изложба е организирана по повод прославата 40 години постоење на Францускиот институт во Скопје и претставува избор на фотографии од неговиот уметнички престој во Скопје и Скопје од минатата година.
Како независен уметник фотографот Жереми Бишолц живее и работи помеѓу Бордо и Париз. Паралелно со професионалната кариера тој работи репортажи за издаваштвото, изложби и фотографии за специјализиран печат на тема луѓето и нивната околина, културно историското наследство, архитектура, урбанизам и современа уметност. Досега има отворено изложби во Франција, Кина, Ирска, Летонија, Полска и Канада.