ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ИЗЛОЖБАТА АНА ФРАНК-ЛЕКЦИИ ЗА СЕГАШНОСТА ОТВОРЕНА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО

ИЗЛОЖБАТА АНА ФРАНК-ЛЕКЦИИ ЗА СЕГАШНОСТА ОТВОРЕНА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО


Додадено на 19-04-2016 во НЕГОТИНО

Синоќа во Музејот на град Неготино беше отворена патувачката изложба „ Ана Франк - Лекции за сегашноста“. На 39 изложбени панели креирани посебно за македонскиот контекст  и изработени од домашните експерти беа претставени многубројните детали од животот на малата Ана Франк и нејзиното семејство во Втората светска војна. Организатори на оваа изложба се МОФ и куќата на Ана Франк од Амстердам. На изложбата присуствуваше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој воедно ја прогласи и истата за отворена.

 

Со свое присуство присутните ги удстои амбасадорот на Холандија во Република Македонија Вилем Воутер Пломп кој накратко говореше за животот на малата Ана и значењето на семејство Франк за холандската историја.

 Директорката на Музејот на град Неготино Костадинка Филипова се заблагодари на организаторите за оваа изложба и истакна дека Музејот е отворен за соработка со сите институции.

  Инаку, изложбата досега има посетено над 40 земји во светот, а она што истата ја прави поинаква е фактот што водичи за посетителите беа млади волонтери-средношколци кои поминале посебна обука за да ја раскажат приказната за Ана Франк. Изложбата ќе биде отворена до 25 април, влезот е бесплатен и истата можат да ја посетат сите заинтересирани граѓани.