ИЗЛОЖБАТА АНА ФРАНК-ЛЕКЦИИ ЗА СЕГАШНОСТА ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА НЕГОТИНО
Патувачката изложба „ Ана Франк - Лекции за сегашноста“ со 39 изложбени панели, кои носат многубројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство во Втората светска војна, во понеделник 18 април со почеток од 18 часот ќе биде отворена во изложбениот салон на Музејот на град Неготино.
На изложбата ќе бидат претставени панели креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, изработени од домашните експерти. Во Република Македонија изложбата е отворена во рамките на проектот „Историја, хисторија, повјест-лекции за денес “, а организтори се Младинскиот образовен форум и „Куќата на Ана Франк“ од Амстердам. Изложбата досега има посетено над 40 земји во светот, а она што истата ја прави поинаква е фактот што водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери-средношколци кои поминале посебна обука за да ја раскажат приказната за Ана Франк. Изложбата за отворена ќе ја проглат градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и амбасадорот на Холандија во Република Македонија, а истата ќе биде отворена во периодот од 17 до 25 април во неготинскиот Музеј, влезот е бесплатен и истата можат да ја посетат сите заинтересирани граѓани.