ПОЧЕТНА » Земјоделие » ИЗМРЗНУВАЊЕ НА ПРАСКИТЕ И КАЈСИИТЕ ВО ТИКВЕШИЈАТА

ИЗМРЗНУВАЊЕ НА ПРАСКИТЕ И КАЈСИИТЕ ВО ТИКВЕШИЈАТА


Додадено на 29-03-2016 во Земјоделие

    Од 80 до 100 %  измрзнување на праските  предизвикаа ниските температури  во саботата наутро и оваа утро велат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци.

Најмнагу страдале овоштарниците во пониските реони покрај Црна Река и Луда Мара како и во  реонот на селата Курија и Паликура каде кај кајсијата регистрирано е измрзнување до 100%, а кај  останатите сорти праски од 80 до 90 %. Најмногу  се измрзнати овоштарниците со сортата сприн крес вели раководителот на Агенцијата Драганчо Николов,  а големи се штетите и кај сортите фантазија, енде пенде, глорија, сан клаус,  и спринт бел.

Во овој период кога  е формиран плодот  кај праската најголемото измрзнување се случи во неделата во периодот од 2 до 5 часот кога температурата се спуштила до -4 степени вели Николов , меѓутоа дополнително ќе се утврдуваат и на останатите  реони. И истата информација ни ја потврди и агрономот Стојче Несторовски од  „ Душан Ќириќ “  каде праските  се застапени на 220 хектари. Измрзнувањето  е различно  во зависност од сортите и реонот и се движи од 70 до 80 %. Најмногу измрзнување има кај сортите сприн крес и крес хевен што може да  доведе до преполовување на приносите на праски од годинашнава реколта.