ИН МЕМОРИАМ НИКОЛА САПУНЏИЕВ-АМАКАРОТ
Денеска на градските гробишта во Кавадарци беше погребан Никола Сапунџиев - Амакарот, истакнат спортист –фудбалер во Фудбалскиот клуб „Тиквеш“, долгогодишен директор на Основното училиште „Страшо Пинџур“, професор по географија во кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“ и долгогодишен секретар на Самоуправната интерсна заедница за култура. Љубителите на спортот ги паметат неговите успеси како фудбалер во периодот по ослободувањето на Кавадарци па се до крајот на шеесетите години во генерацијата на познатите фудбалери: Мошо Димов, Диме Шкартов, браќата Грозданови, Хаџиманов, Манчо и Блажо Малинкови, Панчо Грков и други една од најдобрите генерации на фудбалери кои оставија голем белег во историјата на фудбалот во Кавадарци.