ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ТППЕ НЕГОТИНО НА 5 ПОЖАРИ
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Неготино изминатата недела во тек од 48 часа интервенирала дури 5 пати на гасење на пожари. Според командирот на ТППЕ Неготино Иле Илиев најголемиот дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор.
Имено, неготинските пожарникари интервенирале на пожар на излезот од село Пепелиште на патот кон Штип каде горела трева. Потоа се интервенирало во атарот на село Прждево каде се гасел пожар на трева, шума и лозови насади, интервенирано е кај депонијата во близина на село Дуброво, а исто така интервенирано е и при горење на борова шума. Прекинат кабел од далековод предизвикал пожар во близина на бензинската станица на влезот од Неготино на кој интервенирала противпожарната единица по што истиот бил изгаснат.
Од Територијалната противпожарна единица Неготино апелираат до населението за внимателно однесување бидејќи најчест причинител за пожарите е факторот-човек- што од невнимание, не грижа или пак намерно. Голем дел од населението не ги сфаќаат последиците и негативното влијание што шумските пожари може да ги имаат врз нивните животи. Од ТППЕ Неготино апелираат доколку се забележи појава на пожар, веднаш истата да ја пријават.