ИСЧИСТЕН ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ДОЛНИ ДИСАН-ГОРНИ ДИСАН-ВЕШЈЕ
ИЗМИНАТИОВ ВИКЕНД СТРУЧНИ ЕКИПИ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО ИЗЛЕГОА НА ТЕРЕН И СПРОВЕДОА АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ И ПРОБИВАЊЕ НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ДОЛНИ ДИСАН-ГОРНИ ДИСАН-ВЕШЈЕ КАДЕ ШТО БЕА ПРИСУТНИ НАНОСИ ОД СНЕГ ВО ВИСНИНА ОД 35 ДО 50 ЦМ КОИ ГО ОТЕЖНУВАА ДВИЖЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА И ПЕШАЦИТЕ. ЗА ТАА ЦЕЛ БЕШЕ АНГАЖИРАНА МЕХАНИЗАЦИЈА СО КОЈА БЕШЕ ИЗВРШЕНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА СНЕГОТ НА ОВОЈ ПАТЕН ПРАВЕЦ ВО ДОЛЖИНА ОД 6 ДО 7 КИЛОМЕТРИ, ПО ШТО ПАТНИОТ ПРАВЕЦ БЕШЕ ДОВЕДЕН ВО НОРМАЛА И ОСПОСОБЕН ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ.