ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Кабарето на трговското друштво Пецо-Борис ќе добие место за паркинг

Кабарето на трговското друштво Пецо-Борис ќе добие место за паркинг


Додадено на 11-01-2014 во НЕГОТИНО

Советниците од Советот на општина Неготино едногласдно одлучија да се утрврди локација во градот за паркирање возила за потребите на кабарето на трговското

друштво Пецо-Борис ДООЕЛ Неготино.

 

Одлуката ја усвоија на вчерашната, трета по ред , итна вонредна седница на овој совет.

 

Притоа, советникот од СДСМ, Васко Стефанов, од името на советничката група на социјалдемократскиот сојуз нагласи дека тие потполно го поддржуваат предлогот за утврдување паркинг – локација.

 

Претседателот на Комисијата за урбанизам, Петар Манчев пак, потенцира дека Комисијата исто така  го поддржува предлогот.

 

Покрај тоа што советниците со 15 гласа ЗА одлучија да се утврди паркинг локација за потребите на ова кабаре, тие се задржаа и на уште неколку точки за легализација на бесправно изградени објекти во општината.