Кавадарци без рестрикција на вода преку ден
Се укинуваат дневните рестрикции на водата за пиење во Кавадарци, соопшти денеска раководителот на работната единица за водовод и канализација при кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец” Марјан Прескакулев.
- Се намалува времетраењето и на ноќните рестрикции и тоа за два часа. Ако досега во текот на ноќта вода немаше 5 часа и тоа од полноќ со 5 часот изутрина, сега прекинот во водоснабдувањето е од 2 до 5. Сево ова се должи на фактот што веќе нема пеколни горештини но приврши и варењето на ракија во домашни услови а и во едниот и во другиот случај се трошеше енормно количество на вода за пиење, појасни Прескакулев.
Сега, рече Прескакулев, вода може да нема во чешмите само кога има дефекти во градот или при поставување на нов таканаречен скадар систем(далечинско читање и управување на системот) при што се менуваат вентили на главните цевководи.