ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » КАЗНИ ДО 500 ЕВРА АКО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ВАШЕТО ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ
КАЗНИ ДО 500 ЕВРА АКО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ВАШЕТО ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ
Додадено на 18-11-2014 во МАКЕДОНИЈА
За физичките лица кои ќе напуштат домашен миленик казните се 150 евра. Ако животното избега, ќе има постапка за утврдување како и на кој начин избегало, па потоа ако има основа, ќе се плаќаат и казни. Истото така според новиот Закон за заштитата и благосостојбата на животните, сите одгледувачници и продавници за домашни миленици мора да се регистрираат. Глобите се движат од 500 евра за правни лица, до 250 евра за одговорно лице во правното лице, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.