ПОЧЕТНА » МУЗИКА » КАКВА ЌЕ БИДЕ ЕВРОВИЗИСКАТА БИНА ВО ВИЕНА ?!

КАКВА ЌЕ БИДЕ ЕВРОВИЗИСКАТА БИНА ВО ВИЕНА ?!


Додадено на 26-01-2015 во МУЗИКА

Оваа година Виена ќе има можност да живее во ритамот на Евровизија од 19, па се до 23 мај, а центарот на случувањата ќе биде „Виенската градска хала“.

Бината ќе има форма на големо светлечко око, а ќе биде направена од голем број хоризонтални столбови, кои ги симболизираат учесниците на натпреварот. Окото ги симболизира мостовите на културата, земјите и народите. За реализација на проектот се ангажирани домашни и странски стручни лица. Широчината на бината е 44 метри, составена е од дури 1.288 столбови, височината ќе биде 14.3 метри, додека длабочината ќе биде 22 метри. Предниот дел ќе биде опремен со ЛЕД светла за ефекти. За изгледот на бината, како и за светлечките ефекти, задолжен е Флориан Видер, германски дизајнер од светски глас кој соработувал со Бијонсе, Мадона, Џенифер Лопез, U2…, а својот талент го докажа на двете претходни Евровизии, како и на зимските олимписки игри во Сочи. Да се надеваме дека знамето на Македонија гордо ќе се вее на неа и дека Даниел Кајмакоски ќе блесне на оваа убава бина.