КАКО ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ПУШЕЊЕТО
Пушењето претставува зависност која може да ви уништи одделни органи од телото – мозокот, срцето, крвните садови, белите дробови и другите органи.Затоа веднаш престанете со пушењето. Планот за одвикнување опфаќа 10 едноставни упатства кон кои треба да се придржувате пет дена. После тоа, ќе сфатите дека животот без цигари е многу поубав.Со победата над оваа навика ќе добиете многу подолг живот, подобро здравје, поголема животна сила, помалку лекување. Ако сакате да се ослободите од пушењето, потребно е тоа да го направите плански.Најдобар начин за оставање на цигарите е тоа да го направите одеднаш. Подобро е да прожи веете неколку тешки денови, отколку да го развлекувате мачењето со недели и месеци. Ако наеднаш престанете да пушите, ќе ја совладате таа навика многу побрзо отколку што мислите. Сакаме да ви помогнеме колку што е можно побрзо да се ослободите од таквата страст, всушност, во рок од пет дена.
НАЈТЕШКИ СЕ ПРВИТЕ ТРИ ДЕНА
На крајот од петтиот ден повеќемина заклучуваат дека желбата за пушење е намалена или исчезнала. Ако издржите десет дена, тогаш сте успеале. Речете си самите себеси: “Одлучив да не пушам“! Повторувај те ја својата одлука цел ден, од утро до последниот миг пред да ве совлада сонот. Додека ја повторувате мора и да верувате во неа. Со тоа расте отпорот кон желбата за тутун.Сега е вистинскиот момент, целосно да сфатите дека начинот на кој мислите и силната волја што при тоа ја применувате има непосредно влијание врз намалувањето или зголемувањето на желбата за тутун.Немојте да заборавате на таквиот основен однос помеѓу разумот и телото, бидејќи тоа ќе го искористите во борба та против пушењето. Секој ден кога се поуверливо повторувате “Јас нема да пушам“, присетете се дека таа позитивна и силна одлука непосредно влијае на самата желба за пушење и тоа, во таква мера, што кај повеќето луѓе таа потреба забележливо слабее. Со правилно насочена волја, малку по малку совладајте ги вашите навики.Кога ќе ве обземе силна желба за пушење, погледнете го сопствениот часовник. Набљудувајте ја големата стрелка и нејзиното движење. Без разлика на силината на желбата, сигурно ќе и одолеете барем во следните шеесет секунди. И сега, кога поминала една минута, издржете уште една. Секако, вие го можете тоа! При тоа, внимавајте на уште нешто. Штом отчукне и третата минута, многумина чувствуваат дека желбата достигнала до врв, а потоа почнала да слабее. Ќе ви би де потребна целата сила и волја која ја поседувате, секој час, секој ден, да бидете се поупорни.