ПОЧЕТНА » ЗАБАВА » КАКО ДА ЈА ОДБЕРЕТЕ НАЈДОБРАТА ЛУБЕНИЦА

КАКО ДА ЈА ОДБЕРЕТЕ НАЈДОБРАТА ЛУБЕНИЦА


Додадено на 21-07-2016 во ЗАБАВА

Велат, при изборот на лубеница се се сведува на 70% знаење, 20% искуство и 10% среќа.

 

 

Kaко да бидете сигурни дека од купчето лубеници ќе го изберете најдоброто парче?

Прво погледнете го делот од лубеницата каде што таа лежела на земјата. Ако таа голема дамка е кафенкаста или жолта тогаш лубеницата е зрела, додека пак ако таа е бела или зеленкаста тогаш сигурно на лубеницата и требало уште малку време да дозрее.

Исто така и бојата на кората и линиите ја откриваат нејзината зрелост. Ако кората на лубеницата е темно зелена, светлите линии појасно изразени, а кората цврста тогаш таа е зрела и пред се свежа.

Преземено: www.mama365.mk

http://mama365.mk/kako-da-ja-odberete-najdobrata-lubenica/