КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА СОБЛЕКУВАЛНИТЕ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО НЕГОТИНО
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претседателот на ГФК „ Вардар “ Горан Тодорчев, бизнис сектор од Неготино како и граѓани од општината денеска на свечен начин го поставија камен темелникот за изградба на новите соблекувални на градскиот стадион во Неготино кои беа во многу лоша состојба. Покрај бизнис секторот од општина Неготино кои на некој начин помагаат за изградбата на соблекувалните како и задоволување на критериумите кои ги наведува Фудбалската федерација на Македонија за Втората фудбалска лига, градоначалникот Апостолов истакна дека општина Неготино секогаш стои на располагање и го поддржува ГФК „ Вардар “.
Задоволни од она што конечно ќе се направи се и тренерот на ГФК „ Вардар “ Владо Данаилов и претседателот на ГФК Горан Тодорчев кои истакнаа дека интензивно се подготвуваат за претстојната зона и се надеваат на успеси и достојно претставување на ГФК „ Вардар “ во втората македонска фудбалска лига.
Иако интензивно се работи на терен, претседателот Тодорчев се надева дека за 15 дена пред самиот почеток на сезоната ќе успеат да ги исполнат критериумите и ГФК „ Вардар “ Неготино првите три кола ќе ги одигра на домашен терен.