КИРЕ ЛАЗАРОВ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ДЕСЕН БЕК ШПАНСКОТО ПРВЕНСТВО
Раководството на шпанската ракометна АСОБАЛ лига ги додели наградите за најдобрите ракометари кои ја одбележаа годинава, а меѓу нив се најде и нашиот капитен Кирил Лазаров.
Македонскиот репрезентативец беше прогласен за најдобар десен бек во лигата, а и сите останати награди завршија во рацете на неговите колеги од тимот. За најдобар играч во лигата беше прогласен Никола Карабатиќ. Лазаров ја водеше Барселона до освојување на бројни трофеи во домашните натпреварувања, а сезонава ита и по неостварениот сон, барем на клупски план, освојување на титулата во Лигата на шампионите, каде е прв на листата на стрелци по комплетирањето на групната фаза.