КК СПОРТ ТИМ НЕГОТИНО ВИКЕНДОТ ОРГАНИЗИРАШЕ ТУРНИР ВО КОШАРКА
КК Спорт тим Неготино викендот во спортската сала на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Негтино организираше турнир во кошарка. На овој турнир учество земаа играчи до 16 години кои се натпреваруваа во машка и женска конкуренција. Во првиод дел односно првиот ден од турнирот се натпреваруваа екипите во машка конкуренција. Најдобриот стрелец на турнирот во машка конкуренција беше Атанасе Колев со се вкупно постигнати 58 поени, втор беше Трајче Панев со 43 а трет Доне Лазарев со постигнати 35 поени. Во вториот дел односно вториот ден од турнирот се натпреваруваа екпите во женска конкуренција. Во неизвесен и тесен натпревар екипата на домаќинот КК Спорт Тим од Неготино со победа од 24:22 ја совлада екипата на КК Јасмин од Кавадарци. Победата над кавадаречката екипа ја донесе кошаркарката Ана Марија Дојкова која во последните 2 секунди успеа да погоди и да им ја донесе победата на домаќините, со што го освоија првото место на турнирот. Заедно со Сара Коцева беа најефикасни со постигнати 28 поени. Третопласирани на натпреварот беа кошаркарките на екипата Дрим Тим од Велес. Организаторите на турнирот се задоволни од целокупниот настан и им честитаа на сите за постигнатиот успех со надеж дека и во иднина ќе се организираат вакви турнири во кошарка.