ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » КОЛКУ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЌЕ ИМА ВО 2016 ГОДИНА

КОЛКУ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЌЕ ИМА ВО 2016 ГОДИНА


Додадено на 04-01-2016 во МАКЕДОНИЈА

Во 2016-та година, од вкупно 13 неработни денови за сите граѓани, три се поврзуваат со викендот.

Првиот продолжен викенд е веднаш по пречекот на Новата 2016 година бидејќи 1 јануари е неработен, а се паѓа во петок така што граѓаните ќе имаат повеќе време да уживаат во новогодишните празници. Најмногу слободни денови, односно три за сите граѓани и четири за православните верници ќе има за 1 Мај кој годинава се поклопува со големиот христијански празник Велигден. Така, сите граѓани ќе одмораат на 30 април (сабота), 1 мај (недела) и 2 мај (понеделник), а православните верници ќе го имаат како неработен и Велики Петок, односно 29 април. До крајот на годината ќе има уште еден продолжен викенд во октомври за Денот на македонската револуционерна борба кој се паѓа во недела, но како државен празник се префрла во понеделник. Продолжен викенд за православните верници ќе има и за Духовден кој се паѓа во петок на 17 јуни, а католиците ќе добијат продолжен викенд за католичкиот Велигден кој е на 28 март во понеделник. Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе имаат продолжен викенд за Кубан Бајрам кој е на 12 септември во понеделник, додека за Ромите продолжен викенд е 8 април кога се слави Меѓународниот ден на Ромите а се паѓа во петок. Припадниците на влашката заедница имаат продолжен викенд на 23 мај во понеделник кога го слават Националниот ден на Власите. Тие тогаш ќе добијат четири дена одмор бидејќи неработен за сите граѓани е и 24 мај – Денот на сесловенските просветители. За сите граѓани во државата неработни денови, но не поврзани со викенд, се и 7 јануари, првиот ден Божик, кога граѓаните од православна исповед добиваат уште еден ден, односно 6 јануари Бадник.