Комуналец и општината заедно работат за хигиената во Неготино
Првиот човек на општина Неготино, Ванчо Апостолов и директорката на Јавното коунално претпријатие на градот, Наташа Лазова, на вчерашниот работен состанок заклучија дека хигиената во градот и во руралните средини на општината е на далеку повисоко ниво од претходно.
Во последниот период неготинските села коишто и од претходно имаа по неколку контејнери, добија уште по еден, а директорката на Комуналец од Неготино, Наташа Лазова најави и поставување на уште нови контејнери во целата општина.
Градоначалникот на Неготино, Апостолов, нагласува дека општината активно соработува и ги поддржува сите иницијативи на комуналното претпријатие со цел подобрување на хигиената во Неготино и неготинско.
Жителите од селските средини изразуваат задоволство, но и апелираат општината и Комуналец да продолжат со оваа иницијатива. Други селани пак го истакнуваат проблемот дека луѓето се’ уште немаат навика ѓубрето да го фрлаат во контејнерите, туку на буништата, и упатуваат дека треба многу време и напор за тоа да се промени.