Коњановски на трибина во Неготино за промоција на локации за винарии
Додадено на 28-05-2013 во НЕГОТИНО
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска ќе се обрати на трибина на тема „Промоција на расположливи локации во општина Неготино погодни за изградба на винарии и други стопански објекти за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи“.
За време на посетата, заменик министерот Коњановски ќе оствари средба со градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов.