ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО НЕГОТИНО

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО НЕГОТИНО


Додадено на 17-03-2016 во НЕГОТИНО

Општинската организација на Црвен Крст Неготино денеска во големата сала на општина Неготино ја организираа првата во оваа година доброволна крводарителска акција на која крв даруваа граѓаните од општина Неготино. Оваа акција ја организираше ОО Црвен Крст Неготино под покровителство на Ротари клубот од Неготино на кого им е трета крводарителска акција и Здружението на слепи лица Неготино. И на денешната крводарителска акција за проверката на здравствената состојба на крводарителите кои беа во голем број се грижеше екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

„ Денешната крводарителска акција е прва во ова 2016 година, а ја организиравме по повод денот на крводарувањето под покровителство на Ротари клубот од Неготино и Здружението на слепи лица Неготино во рамки на одбележувањето на 70 години од нивното постоење. Очекуваме 60 до 70 крводарувања, а истата акција утре ќе биде спроведена и во Демир Капија во ОУ „ Димката Ангелов Габерот “- вели секретарот на ООЦК Неготино, Блаже Настов.

Инаку, 17 март е денот на крводарителството и е значаен ден за Црвениот крст на РМ, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините.