ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ГОРАН ДАРУДОВ ДАРУДА

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ГОРАН ДАРУДОВ ДАРУДА


Додадено на 19-05-2016 во НЕГОТИНО

СПАОК „ Антигонеа “ Неготино и годинава не заборави и по втор пат ја организираше традиционалната втора по ред доброволна крводарителска акција во чест на нивниот прерано починат член Горан Дарудов Даруда. Денешната крводарителска акција и годинава ја спроведе Институтот за трансфузиона медицина Скопје чиј тим беше задолжен за проверка на здравствената состојба на дарителите.

 Инаку, акцијата започна во 10 часот и траеше до 15 часот на која беа собрани околу 50 единици крв, дарувани од членовите на планинарското друштво, ученици од СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ од Неготино, вработени во ТЕЦ „ Неготино“ како гостите кои дојдоа дури од Кичево да учествуваат во оваа крводарителска акција.. Огромна благодарност за организацијата упати и семејството на Горан Дарудов што и оваа година не заборавија да ја организираат крводарителската акција во чест на Горан. Оранизатрите, членови на  планинарското друштво „ АНТИГОНЕА “ се задоволни од одзивот собрани единици крв и додадоа дека истата ќе  прерасне во традиција и секоја година ќе се организира помасовно.