КРВОДАРИТЕЛСКА ЗА ГОРАН ДАРУДОВ ДАРУДА
И годинава по втор пат СПАОК „ Антигонеа “ Нег од Неготино ќе ја организираат доброволната крводарителска акција во чест на нивниот прерано починат член од Неготино Горан Дарудов Даруда. И покрај тоа шро речиси цело време се активни и целото свое слободно време го користат во спортување, релаксација и дружење со планините тие решија и годинава да ја организираат оваа доброволна крводарителска акција.
„ СПАОК „ Антигонеа “ и годинава не заборави и ќе ја организира по втор пат доброволната крводарителска акција во чест на прерано починатиот наш член Горан Дарудов Даруда. Овогодинешната крводарителска акција ќе се одвова во четврток 19 мај во просториите на поликлиниката „ Галмедикус “ во неготино, а истата ќе започне од 10 часот и ќе трае до 15 часот. Покрај членовите на друштвото кои ќе даруваат крв истата е отворена и за сите заинтересирани кои сакаат да дојдат и да даруваат крв, а истата ќе биде реализирана од стручен тим на Институтот за трансфузиона медицина Скопје “- вели претседателот на планинарското друштво Александар Гичовски.
Како што истакнаа од планинарското друштво „ АНТИГОНЕА “ се надеваат дека истата ќе биде успешно спроведена и ќе се соберат доволно единици крв, а прерасне во традиција и ќе се организира помасовно секоја година.