КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ВО НЕГОТИНО
Новогодишни елки од стари списанија, новогодишни украси од хартија, стари украсни тегли беа само некои од изработките кои вчера дечињата од еко-клубот при Локалната Библиотека „ Страшо Пинџур “ од Неготино ги изработија.
„ Ова креативна работилница која вчера ја реализиравме во просториите на Локалната Библиотека беше последна за оваа година на која еко амбасадорите уште еднаш покажаа дека од материјалите за рециклирање може да се изработи декоративен украс. Овогодинешната тема на еко клубот беше рециклирањето на која дечињата изработија бројни украси дел кои се изложени во библиотеката, а останат дечињата ги земаа. Како благодарност за учеството на оваа креативна работилница на дечињата им доделивме по една детска книга “ – истакна директорката на ЛБ Катарина Данаилова.