ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Куќите ќе се надградуваат со одобрение, без ДУП

Куќите ќе се надградуваат со одобрение, без ДУП


Додадено на 25-02-2016 во НЕГОТИНО

Министерот за транспорт и врски Владо Мисалјовски кој оствари работна посета на Неготино информираше дека со измените на Законот за градење куќите кои се веќе изградени со одобрение за градење или се легализирани со Законот за легализација ќе можат да се надградат до максимална висина од 10 метри и 20 сантиметри и тоа и во случај ако надградбата на објектот не е предвидена во планската документација.

 „ Доколку имате куќа и сакате да вршите надградба, прво до општината мора да поднесете барање за одобрение за градење со предходно изработен проект и без разлика дали надградбата на објектот е предвидена во урбанистичката планска документација, општината по сила на закон мора да ви издаде одобрение за градење и да ви дозволи да го надградите соптвениот објект“, појасни министерот за транспорт и врски Мисајловски. Министерот додаде дека целта е на што е можно поголем граѓани да им се излезе во пресрет кои сакаат да инвестираат во зголемување на својот недвижен имот или да им остават поголемо наследство на своите најблиски.