ЛБ СТРАШО ПИНЏУР ОД НЕГОТИНО ОТВОРЕНА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ ОД ОПШТИНАТА
Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ од Неготино претставува транспарентен, културен и јавен сервис кој овозможува пристап до сите постоечки ресурси подеднакво за сите граѓани од Неготино.

Покрај најмладите граѓани од општината, директорката Катерина Данаилова истакна дека библиотеката е отворена и за сите категории на граѓани од општината бидејќи покрај лектирите и белетристиката таа им нуди и стручна литература, а секоја година го зголемува и својот библиотечен фонд со литература во зависнот од потребите и интересот на членовите на библиотеката.

