Ликовна изложба на Татјана Манева во Неготино
„Со оваа ликовна изложба на фантастичната сликарка од Скопје, Татјана Манева, го прославуваме најголемиот празник за Неготино, 8-ми Ноември и големиот православен празник Митровден“ – рече директорката на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино каде што се случи изложбата, Мирјана Јованова.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, а притоа ги поздрави присутните и им посака среќен празник.
На изложбата присуствуваа и гостите од Неготин Краина, Република Србија, Попово, Република Бугарија и Начката од Унгарија.
Е.Д.