Линиски судија се сликаше со Меси? – на полувреме! (ВИДЕО)
Аргентина ја продолжи победничката серија во рамки на јужноамериканската квалификациска група за Светското првенство во Бразил, а уште еднаш најзаслужен за триумфот на „гаучосите“ беше Лионел Меси, кој го постигна првиот гол за водство во 28. минута. Сепак, ѕвездата на Барселона и самиот се збуни, кога на полувремето на натпреварот против Чиле му пријде еден од линиските судии и побара да се фотографира со него.
По сѐ изгледа, помошникот на главниот арбитар не можел да го сочека барем крајот на натпреварот, па тргнал „во акција“ на полувремето, а скромниот Меси, очигледно, реши да му ја исполни желбата.
Сепак, ова отсуство на професионализам од страна на судијата најверојатно ќе биде испитано од судиската организација на ФИФА, а нема да биде чудно и тој да биде казнет.