ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ НА ТРИ УЧЕНИЧКИ ОД ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕГОТИНО ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ВО КНИГАТА МОЈАТА ИДНИНА ЈА СОЗДАВАМ ЈАС
Три ученички Лора Ставровска, Верица Анѓелова и Теодора Делкова од ООУ „ Гоце Делчев “ Кавадарци под менторство на наставничката Канита Гичовска изминатиот период со свои литературни творби земаа учество на литературниот конкурс „ Мојата иднина-ја создавам јас “. Учениците заеднички со својот ментор добија признанија за учество на овој конкурс, а нивните литературни творби ќе бидат објавени во „ Мојата иднина- ја создавам јас “. Овој конкурс има за цел да цел да го поттикне творештвото и креативноста на учениците од основните и средните училишта во Р.Македонија кои пишуваат поезија и проза, а се реализира во организација на Меморијалниот центар - Фондација Никола Кљусев, со поддршка на Министерството за култура на РМ, во рамки на проектот „Творам за Македонија“.
„ Младите се иднината на Македонија. Нивниот талент и насока треба да се негуваат и поттикнуваат уште од најраната возраст, кога тие се уште го откриваат патот по кој чекорат впуштајќи се во животот. Преку поттикнување на творештвото кај младите сакаме да им помогнеме да ја откријат дарбата во себе и да ја развиваат креативноста и убавиот збор, а со постигнатиот успех да им послужат за пример на своите соученици – велат организаторите.