МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР НА ЕВРОВИЗИЈА 2016
По влечењето жрепка во Стокхолм, познат е распоредот на земјите учеснички во двете полуфинални вечери на годинешното, 61-во по ред издание на „Евровизија 2016“.

Вкупно 43 земји го потврдија своето учество на фестивалот, а по пауза од неколку години се враќаат и дел од балканските земји, како што се Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Со оглед на тоа што бројот на земји е непарен, во првата полуфинална вечер ќе настапат 18, а во втората 19.

Македонија, односно нашата претставничка Калиопи ќе настапи во првата половина од втората полуфинална вечер. Целосниот распоред погледнете го во продолжение, а конечниот редослед на настапи ќе биде откриен непосредно пред самата манифестација.

Прва полуфинална вечер
Прва половина
Ерменија
Финска
Грција
Хрватска
Молдавија
Холандија
Русија
Сан Марино
Унгарија
Втора половина
Азербејџан
Босна и Херцеговина
Кипар
Естонија
Исланд
Малта
Црна Гора
Република Чешка
Австрија
Втора полуфинална вечер
Прва половина
Австралија
Ирска
Израел
Летонија
Литванија
МАКЕДОНИЈА
Полска
Швајцарија
Србија
Белорусија
Втора половина
Албанија
Белгија
Бугарија
Данска
Грузија
Норвешка
Романија
Словенија
Украина
Земјите од „големата петка“ и домаќинот Шведска ќе се претстават во големото финале, а по три од нив ќе гласаат во секоја од полуфиналните вечери, така што Германија, Италија и Обединетото Кралство ќе гласаат во првата вечер, а Франција, Шпанија и Шведска ќе гласаат во втората полуфинална вечер.

