Македонија лежи на 6,8 тони злато
Светскиот совет за злато објави извештај за резервите од злато на одредени земји за октомври 2012 година. Според нивните податоци, Македонија се наоѓа на 75 место со 6,8 тони злато.
Од земјите во регионот, на листата се наоѓаат и Босна и Херцеговина, којашто е на 93 место со два тона злато, на 59 место со 14,8 тони злато е Србија, а Словенија е на 86 место со 3,2 тони злато. Грција се наоѓа на 32-то место со 11,8 тони злато, Бугарија на 47-то место со 39,9 тони злато
Како земји со најголема количина злато, на листата се наоѓаат САД со 8.133 тони злато, Германија со 3.395 тони, Италија со 2.451 тон, Франција со 2.435 тони злато, Кина со 1.054 тони, Швајцарија со 1.040, Русија со 936,7 тони, Јапонија со 765,2, Холандија со 612,5 и Индија со 557,7 тони злато.
САД се наоѓа на првото место, а 75,4% од златото е во девизни резерви. Колку за споредба, од златото на Македонија 13,6% е во девизни резерви.
Според податоците на Светскиот совет за злато, светските централни банки во вториот квартал од годинава купиле 157,5 тони злато, што е за 63% повеќе во однос на претходниот квартал и 137,9% повеќе во однос на минатата година.