ПОЧЕТНА » МУЗИКА » Макфест по 27 ми пат

Макфест по 27 ми пат


Додадено на 02-11-2012 во МУЗИКА

27-тото издание на најстариот македонски музички фестивал беше достоен празник на музиката која ќе се памети. На сцената на Домот на културата „Ацо Шопов” во Штип слушнавме 37 нови композиции кои беа поделени во две полуфинални и една финална вечер. Покрај дебитантите, од кои најголемо внимание предизвикаа Виктори со „Не ме заслужуваш” и Иван Раденов со „Кога си одиш”, во поголем број беа застапени искусни и докажани пејачки имиња како: Верица Пандиловска, Биба Додева, Александра Пилева, Тамара...

За прв пат годинава, фестивалот се одржа од петок до недела, наместо вообичаената пракса од четврток до сабота. Исто така, за прв пат, термин за одржување на Макефест беше последниот, наместо првиот викенд во октомври. Убаво е што за догодина ќе може да се спореди и да се согледа која варијанта е подобра и пофункционална за да може и во иднина да се применува. Единствена забелешка и предлог за побогата програма на Макфест и поголем интерес е вклучување на вонсценски активности во програмата на фестивалот. Се уште се сеќаваме на промоциите, дебатите и дружењата кои се случуваа на различни места низ Штип кои почнуваа во текот на денот, продолжуваа со официјалната програма и завршуваа во раните утрински часови следниот ден.

Од изборот на модерни поп песни, балади и лесни за слушање рефрени, публиката своите гласови ги додели на:

Прво место - Сара Маркоска - „После него”,

Второ место - Тамара Тодевска - „Готово е” и

Трето место - Биба Додева - „Сети се штом заврне”.

Најслушана песна помеѓу два фестивала: Дарко Илиевски и Никола Пауновиќ – „Јас сум тој”

Најдобар сценски настап: Кристијан Тодороски Кико

Најдобар текст: „Кога си одиш” на Огнен Неделковски, во изведба на Иван Раденов

Најдобар аранжман: Зоран Алексиќ зa „Не ме заслужуваш”-Виктори

Награда Тоше Проески за интерпретација: Тамара Тодевска –„Готово е”

Според жири-комисијата:

1. „Готово е” - Тамара Тодевска

2. „Мојот сон” - Соња Кочиќ

3. „Пази ме ти”- Александар Белов и Милица Мајсторовиќ