МАНАСТИР СВЕТИ ЃОРЃИ НЕГОТИНО
Во Тиквешијата имаме Два Манастири кои го носат името на Светителот Св. Ѓорѓи. Полошкиот манастир Св. Ѓорѓи кој се наоѓа на брегот на Тиквешкото Езеро датира од 14 век и претставува споменик на културата на Македонија од исклучителна вредност . Вториот Манастир е Свети Ѓорѓи кој населението од Неготино го гради во периодот од 186 до 1866 година на месноста Црквиште . Неговата локација е на десниот брег на реката Вардар. Сто години по неговата изградба биле срушени трите стари и оштетени и подигнати се три нови куполи на црквата, по што е насликан нов фрескоживопис и изградена е нова камбанарија.
Свети Георги,Ѓорѓи или Ѓорѓија е роден во Кападокија. Во својата дваесета година го стекнал чинот тибун и како таков служел при царот Диоклецијан . Кога овој цар го започнал гонењето на христијаните тој отворено се изјаснил дека е христијанин поради што царот го затворил и наредил нозете да му ги стават во клади а на градите да му стават тежок камен. Потоа наредил да го врзат на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. Го закопале во ров до главата и го оставиле три дена и три ноќи. Ток постојано се молел на Бога и тој ги исцелувал неговите рани и го спасувал својот маченик од смртта.Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Од љубов кон Господ Христос, свети Ѓорѓи без тешкотии оставил се заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите. По повод празникот Свети Ѓорѓи вчера во неготинскиот манастир се отслужи света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше неговото високо првосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во присуство на повеќе свештенослужители.