МАНАСТИРСКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ
Викендот 18 и 19 јуни во Неготино се одржа шестиот по ред традиционален Меѓународен фолклорен фестивал „ Манастирски фолклорни средби “. И годинава истиот беше во организација на Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ Неготино со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на сите гости им посака пријатен престој во Неготино и успешно претставување на учесниците. Присутните ги поздрави и директорката на Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ Неготино Мирјана Јованова која додаде дека неготинскиот центар за култура е институција која презентира разновидна културна програма и е двигател на културниот живот во регионот.
На овие шестти манастирски фолклорни средби присутните посетители имаа можност на градскиот плоштад да проследат ора и песни од многу краишта на Македонија.Втората вечер во неделата со свои песни и ора се претставија Културно уметнички друштва од Бугарија, Србија, Турција , БиХ. На сите учесници директорката Мирјана Јованова им додели и благодарници за учеството на овој 6 меѓународен фестивал.