МАРТИЈА СТАНОЈКОВИЌ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА
Додадено на 25-07-2016 во МУЗИКА
12-годишната финалистка на шоуто „Пинкови ѕвездички“ Мартија Станојковиќ од Куманово во силна конкуренција е избрана да ја претставува Република Македонија на детската „Евровизија“ годинава. Oва беше соопштено денеска од страна на Македонската радио-телевизија, која ја поседува лиценцата за учество.
Натпреварувањето ќе се одржи по 14. пат, oвојпат на 20 ноември во Ла Валета, Малта.