МАТУРАНТИТЕ ПРЕД НОВ ПРЕДИЗВИК. НОВИТЕ ИЗМЕНИ ДОНЕСОА ЕЛЕКТРОНСКО ТЕСТИРАЊЕ ОДНОСНО ДРЖАВНАТА МАТУРА МАТУРАНТИТЕ ЌЕ ЈА ПОЛАГААТ НА КОМПЈУТЕР, А ОВАА ГОДИНА И ПРЕДМЕТОТ МАТЕМАТИКА СЕ ВОВЕДУВА КАКО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН
Матурантите пред нов предизвик. Покрај редовните завршни тестирања, учениците во завршните години од средното образование ќе треба да полагаат и државна матура. Новите измени кои беа презентирани од страна на одговорните во Бирото за развој на образованието предвидуваат предметот математика оваа година да се полага како задолжителен а истакнуваат и дека оваа година државната матура ќе се полага електронски. Од Министерството за образование велат дека има доволно време за подготовка на сите предмети од државната матура и прилагодување кон новиот модел. прашањата од екстерните предмети на државната матура ќе бидат со повеќе понудени одговори и ќе се полагаат електронски, додека пак есејот и тестот по интерниот предмет ќе се полагаат писмено. државата матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата на државната матура.
Во оваа учебна година предметот математика ќе биде трет задолжителен екстерен предмет за гимназијалците, а од следната година и за матурантите во средното стручно образование. оваа промена надлежните ја воведоа отка увидоа дека на тестирањара учениците покажуваат слаби резултати на овој предмет, а мерката се воведува и поради кампањата која се води изминатите години за студирање на техничките факултети. До минатата година учениците можеа да изберат дали ќе полагаат математика основно или напредно ниво, но овој пат ќе мора да полагаат преметот. надлежните информираат дека прашањата за матурата нема да бидат тешки, а во тек се подготовките за изработка на тестовите а ги вршат вработени во Државниот испитен центар-институција која го спроведува ектерното тестирање.