ПОЧЕТНА » СПОРТ » МЕТАЛУРГ НЕ ОТПАТУВА ВО ЗАГРЕБ, НАТПРВАРОТ ОД СЕХА ОТКАЖАН

МЕТАЛУРГ НЕ ОТПАТУВА ВО ЗАГРЕБ, НАТПРВАРОТ ОД СЕХА ОТКАЖАН


Додадено на 05-11-2014 во СПОРТ

 Македонскиот ракометен шампион Металург поради бојкот на играчите, утрово не отпатува во Загреб каде против хрватскиот шампион требаше да го игра дуелот од 6.коло од регионалната СЕХА лига. Ваквата информација е потврдена и преку Твитер профилот на РК Загреб, а доаѓа по синоќешните превирања во тимот од Автокоманда и неизвесноста дали ќе се оди на гостувањето кај Загреб. Незадоволни од неисплатените долгови  играчите на Металург одбиле да тренираат. Ракометарите на Металург најавија дека денеска ќе излезат со заеднички став околу причините за штрајкот, проблемите, ветените а неисплатени плати.Раководството се уште нема соопштено официјален став за новонастаната ситуација во клубот и евентуални следни чекори кои ќе бидат преземени за разрешување на проблемите.

Според пропозициите на СЕХА лигата, Металург мечот ќе го загуби со службени 10:0 и плус ќе му се одземе еден бод. Македонскиот шампион ќе треба да плати и парична казна, но можно е да биде покрената дополнителна истрага, па според причините поради кои Металург не отпатува во Загреб, ќе се донесе дополнителна одлука за тоа дали нашиот тим ќе ги плати сите трошоци за организација на овој натпревар. Казна за раководството на Металург ќе има и поради нарушувањето на угледот на СЕХА лигата, што секако е наведено во пропозициите на Регионалната лига.