ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Меѓународна конференција за туризам

Меѓународна конференција за туризам


Додадено на 01-12-2012 во МАКЕДОНИЈА

Во склоп на проектот ЦЕНЕТ, програма која се реализира во соработка помеѓу Македонија и Грција во период од  2007-2013 и во партнерство со Министерство за економија на РМ и Стопанската комора на Флорина,вчера во Демир Капија се одржа првата меѓународна конференција за вмрежување во туризмот.

Оваа конференција има за цел да ги промовира и афирмира вредностите на Македонија но истовремено и да создаде мрежа на субјекти од туризмот кои ќе работат заеднички на креирање на нови туристички производи од кои добивка  ќе имаат сите вклучени страни.

 “Соработката на сите нивоа е неопходна,ако сакаме да создадеме конкурентни туристички производи,а исто така и да ги намалиме трошоците за нивна промоција на трети пазари.“ беше речен меѓу другото на оваа конференција, а присуствуваа надлежни институции и  здруженија од областа на туризмот од Македонија, Србија, Грција, Албанија и Бугарија.