МИНИ САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО КАВАДАРЦИ
Во организација на Здружението „Винотек“, а под покровителство на градоначалникот Александар Панов и Советот на општина Кавадарци, во петок 27-ми и сабота 28-ми март 2015 година на градскиот плоштад во Кавадарци ќе биде организиран мини саем на препарати, опрема и механизација за земјоделието. Целта на оваа манифестација е на едно место да се соберат производителите и дистрибутерите на препарати и средства за заштита, ѓубрива, расаден материјал, системи за наводнување, механизација за обработка на земјоделски култури, средства и опрема за производство и чување на виното, кои ќе се презентираат пред заинтересираните земјоделци од Тиквешијата.