МИНИСТЕРОТ МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА ВО НЕГОТИНО
Вчера во работна посета на општина Неготино беше министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Миле Јанакиевски. Заедно со градоначалникот на општина Неготино и пратеникот од четвртата изборна единица Васил Пишев, вчерашниот ден тие го искористија да остварат работна посета во 5 села во неготинска општина. Тие ги посетија селата Криволак, Пепелиште, Тимјаник, Долни Дисан и Тремник при што ја искористија можноста да остварат и дирекна средба со локалното население. Поразговараа за се она што изминатиот период општина Неготино самостојно и со поддршка на Владата на Република Македонија го имаат реализирано како проекти во овие населени места, но и од самите жители дирекно да слушнат дали и со евентуално какви проблеми се соочуваат, за како што рече министерот Јанакиевски заеднички да ги решат со цел да се подобри животот на овие граѓани. Министерот Јанакиески, градоначалникот Апостолов и пратеникот Пишев ветија напорно и посветено работење и во наредниот период и решавање на проблемите со што ќе се подобрат севкупните услови за живеење на граѓаните од општина Неготино.