МИТЕ СТОИЛКОВ ПОБЕДИ ВО ШОУТО ПИНКОВИ ЅВЕЗДИ
Мите Стоилков е македонска гордост! Македонецот со својот ангелски глас, скромност и шарм, дојде до победа во Пинковите Ѕвезди кои ги гледавме на Сител.
Во втората сезона на шоуто, Македонец ја понесе победата за најдобар пејач. Вчера се натпреваруваа 12 супер финалисти, меѓу кои и Македонецот Адам Лабунски, а од сите нив, тројцата кои останаа да се борат за победа беа нашиот Мите, Јелена Џуриќ и Јанко Ристановиќ. третото место му припадна токму на Јанко.
Јелена како последна песна за борба за победа ја избра Жао ми је жао и заедно со танчерка ја изведе на сцената, додека Мите ја отпеа песната Кирјана. Потоа тој ја одбра песната Могло је, и со неа дојде до симпатиите на публиката во регионот.