МЛАДИОТ ПЛАНИНАР ВАНЕ БОШЕВ ОСВОИ УШТЕ ДВА ВРВОВИ
Младиот планинар од Неготино Ване Бошев викендов се искачи на уште два врвови и тоа Делчев врв и Караѓоз на планината Серта.
Заедно со околу 60 планинари вклучувајќи и младинци од Неготино но и други градови од Македонија, младиот Бошев придружуван од својот татко Орданце Бошев успеале да се искачат на овие дваа врва. Како што не информираше таткото на Ване, Орданче Бошев кој исто така е планинар истакна дека следниот викенд на Ване му претстојат уште два врвови и тоа врвот Бел Камен висок 2074 м н.в на планината Даутица и Златов врв во Прилеп. Ова е осми врв на младиот Бошев во оваа 2016 година, а досега има освоено 68 врвови во Македонија и надвор од неа.