МЛАДИОТ ШАХИСТ ТОНИ ЛАЗОВ ОД НЕГОТИНО ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ
Од 17 до 28 август година во Прага, Чешка ќе се одржи Европското првенство во шах за млади. Во категорија до 16 години Македонија ќе ја претставува младиот шахист од Неготино Тони Лазов, кој оваа година по деветти пат стана младински државен првак. Како и до сега, општина Неготино ќе го поддржи со финансиски средства со кои ќе ги подмират котизациите спрема организаторот Шаховската Федерација на Република Чешка и Светската Шаховска федерација.
По успешното одиграна Светско првенство во Грција и одличниот настап на Меѓународниот Шампиоат во Белград, Лазов ја освои меѓународната титула ФИДЕ мајстор, со што стана најмладиот шахист во историјата на Македонија што ја освоил оваа титула. Со моментален меѓународен рејтинг од 2336 Лазов се наоѓа на 13 место на листата на најдобрите македонски шахисти.
Успесите не останаа нежабележани, па од пред извесен период по покана од селекторот Марјан Митков, Тони Лазов стана дел од петчлената македонска репрезентација која во септември во Баку, Азарбеџан ќе ги брани боите на Македонија.