ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » МОНОДРАМАТА ГОСПОД Е ЖИВ ЌЕ СЕ ПРИКАЖУВА ВО НЕГОТИНО

МОНОДРАМАТА ГОСПОД Е ЖИВ ЌЕ СЕ ПРИКАЖУВА ВО НЕГОТИНО


Додадено на 30-03-2016 во НЕГОТИНО

По одличните претстави на кавадаречкиот и демир капискиот театар, Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино продолжува со организацијата  и на други претстави. Имено утре 31 март љубителите на театарот од Неготино со почеток од 19,30 часот ќе имаат можност да го погледнат автобиографскиот проект, монодрамата  „ Господ е жив “ на актерката Драгана Босниќ.

Во монодрамата актерката раскажува за женa која  има четириесет години, два брака, две сменети држави е без работа и по животниот бродолом останува на улица, очајна, тажна, повредена, во безизлезна ситуација, без можност да се снајде. Во еден момент додека е во дупката, ја прифаќа подадената рака којашто ја извлекува од мракот кон светлината. Кој е тој што ја спаси, подигна, возобнови и ѝ го осветли патот? – Кој е тој што е Патот, Вистината и Животот? Од Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино ги покануваат сите заинтересирани граѓани да дојдат дака погледнат оваа монодрама.