ПОЧЕТНА » МУЗИКА » НА 7 МАРТ СПЕЦИЈАЛНО ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕНА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА 2016

НА 7 МАРТ СПЕЦИЈАЛНО ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕНА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА 2016


Додадено на 17-02-2016 во МУЗИКА

Македонската песна за евровизија, „Дона“, дело на Калиопи и на Ромео Грил, наскоро, на 7 март ќе биде претставена во специјално евровизиско шоу на МТВ1.

Калиопи на 61-тото издание на Изборот за песна на Евровизија во Стокхолм, Шведска, по втор пат ќе ја понесе Македонија кон евровизискиот врв. Автор на музиката и аранжманот на евровизиската песна „Дона“ е композиторот Ромео Грил, којшто воедно е и продуцент на истата, а текстот на песната го напиша Калиопи. Песната „Дона“ ќе биде изведена на македонски јазик. Изборот за Песна на Евровизија годинава ќе се одржи на 10-ти, 12-ти и 14-ти мај во арената Глоб во Стокхолм, а Калиопи ќе настапи во второто евровизиско полуфинале. Точниот редослед на настап на секоја од земјите учеснички ќе биде утврден по завршувањето на средбата на шефови на делегации, закажана за 14-ти март.