НА 7 СЕПТЕМВРИ ФЕСТИВАЛОТ ТК ТАК ВО КАВАДАРЦИ
Јубилејното петто издание на најголемиот македонски демофестивал „ Т`к Так “ ќе се одржи на 7 септември во Кавадарци. Ова е одлуката на организациониот одбор кој за јубилејното петто издание најавува ново дружење со „ новајлиите “ на македонската рок сцена, но и со македонските рок легенди.
„ Подготовките за јубилејот веќе подолг период се во тек, така што и годинава ќе не очекува вистинско рокенрол шоу во Кавадарци кое ќе ни го приредат македонските рок надежи и најголемите рок имиња од македонската сцена. Драго ни е штп годинава фестивалот ќе се одржи на 7 семпрември, Денот на ослободувањето на Кавадарци, град кој веќе гтри децении важи за еден од најрокенролските градови во Македонија, со богата музичка и фестивалска традиција “ рече меѓу другото Марко Матиев, член на извршниот одбор на „ Т`к Так фест “
Од организацискиот одбор потсетуваат дека се уште е активен и конкурсот за демо бендови кои како и минатите години, така и оваа ќе се борат за вредни награди, а дополнителна мотивација е и Гран при наградата „ Трајко Каров “ која му се додоелува на најдобриот тапанар, а е во висина од 500 евра.
Kонкурсот за пријавување останува отворен до 28 август, а согласноистиот демо бендовите треба да достават кратка биографија за бендот и линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен јутјуб канал на следната емаил адреса: tk_tak_fest@yahoo.com