Наградени тројца најдобри млади библиотекари
Вчера во Неготино се одржа државниот натпревар на млади библиотекари. Првата награда, со максимум бодови од тестот, ја зеде ученичката Миа Ботинова Димитрова од Велес. Второнаградена беше Јована Јовановска од Куманово, а третото место и’ припадна на осмоодделенката Александра Шијаковска од Неготино.
Тестирањето се изврши во просториите на ОУ „Гоце Делчев“ во Неготино, а доделувањето на наградите се случи во дисперзираната читална на локалната библиотека „Страшо Пинџур“ - Неготино, во Желкова Куќа.
Овој републички натпревар традиционално го организира Здружението на библиотекари на Македонија уште од 2000-та година. Оваа година е четиринаесетта по ред, а во Неготино се одржува за прв пат.
Е.Д.