НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД НЕГОТИНСКОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ
Од 22 до 23 април во Средното електротехничко училиште „ Михајло Пупин “ во Скопје се одржа Државниот натпревар за средни стручни училишта „ Образовно рандеву МАССУМ 2016 “. На овој државен натпревар учество земаа средошколци од СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино кои настапија во сите 16 категории и освоија бројни награди.
Во категорија интервју за работа на англиски јазик, ученикот Тимотеј Илиев го освои првото место, златен медал. Во категорија постер, ученикот Ване Трајков го освои второто место, сребрен медал, во категорија креирано портфолио ученикот Тимотеј Илиев го освои третото место, бронзен медал, а второ место, сребрен медела освоија и групата ученици од неготинското средно училиште во категорија најдобар штанд. во овие категории учениците настапија под менторство на професорите Велика Пушкинова и Снежана Трајкова. Инаку, МАССУМ со поддршка на проектот на УСАИД- Активности во средното образование- СЕА во 2006 година на Скопскиот саем за прв пат ја организираше манифестацијата „ Образовно Рандеву “ на која средните училишта преку свои штандови ја презентираа работата на училиштата.
Во саботата 23 април во просториите на Гимназијата „ Јосип Броз Тито “ во Скопје се одржа 52 Државен натпревар на млади истражувачи од Република Македонија. Овој натпревар беше во организација на Сојузот на здруженија на младите истажувачи на Македонија „ Науката на младите “ и Народна техника на Македонија, а на истиот учество земаа седум средношколци од неготинското средно училиште. Под менторство на професорите Блага Ничкова и Зорица Стојановска, во областа Агротехника, тема аеропоника Рената Колева го освои прво место и златен медал. Во областа Растителна физиологија, тема Технологија на култура на ткиво, под менторство на професор Стевчо Шарац, Кристина Тодорова го освои второто место, сребрен медал.
Ученичката Кристина Николова го освои првото место и златен медал во областа Астрономија на тема Светлински колектор како дел од телескопот под менторство на професор Марика Ѓорѓиева. на овој Државен натпревар учество земаа и Ристе Лазаров во областа машинска техика. Митко Недевски во областа веб дизајн на страница, Ангел Недев во областа примена на софтвер и Ване Трајков во областа веб дизајн на страница.