НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ СТРАШО ПИНЏУР НЕГОТИНО НА ДЕТСКИ СЕМАФОР
Изминатите денови во ООУ „ Страшо Пинџур “ во Неготино се одржа општинскиот натпревар „ Детски семафор 2016 “ . На овој натпревар учество земаа ученици од училиштето домаќин, ООУ „ Гоце Делчев “, ООУ „ Димката Ангелов Габерот “ Демир Капија и средношколци од СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино кои се натпреваруваа во три групи. Во екипна конкуренција првото место го освои ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино. Во поединечна конкуренција, мала група, ученикот Димитар Јанев од 6 одделение го освои првото место, Димитар Трајков, 6 одделение трето место и Љубица Камчева 6 одделение трето место. Во големата група поединечно, Невенка Ристова од 8 одделение го осво првото место и Дарко Ѓорѓев од 7 одделение го освои 2 место. Сите ученици се натпреваруваа под менторство на наставничката Фросина Богева, а истите си обезбедија учество на регионалниот натпревар.